ФЕРОИНВЕСТ ВНЕСУВА РЕВОЛУЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА Батериските системи на „WEIHENG“ ќе ја променат иднината на енергијата

Во наредниот период, Фероинвест со „Weiheng“ ќе организира специјализирана презентација во Скопје, која ќе биде од голема важност за сите заинтересирани, со фокус на големите системи за складирање енергија и нивните предности, како и можностите за изведување на проекти по принципот ,,куч на рака" од стана на Фероинвест.

4,214

Фероинвест постигна договор за застапништво за Македонија на батериските системи на компанијата „Weiheng“, која е глобално препознатлива по иновативни решенија за складирање енергија. Таа се рангира меѓу водечките компании во оваа индустрија и има рејтинг ААА според независните анализи на „Bloomberg“.

„Асортиманот на производи на ‘Weiheng’ вклучува високонапонски хибридни системи за складирање енергија, кои се идеални за фотоволтаици за фабрики, комерцијални објекти и електрани. Брендот нуди и модуларни решенија за фотоволтаици со интегрирана моќност до 5 MW, како и напредни фабрички системи за енергетска ефикасност“, информираат од компанијата






Во наредниот период, Фероинвест со „Weiheng“ ќе организира специјализирана презентација во Скопје, која ќе биде од голема важност за сите заинтересирани, со фокус на големите системи за складирање енергија и нивните предности, како и можностите за изведување на проекти по принципот ,,куч на рака” од стана на Фероинвест.

Високи претставници на Фероинвест и на „Weiheng“ во моментот се присутни на престижниот саем „KEY – The Energy Transition Expo“ во Римини, Италија, кој е фокусиран на високи технологии, особено во областа на складирање на електрична енергија.

Поврзани содржини