ПОЗНАТ СЕМЕЕН КЛАН СТОИ ЗАД УЖАСОТ ВО БРЧКО? Родителите сами ги давале децата на „згрижување“

Едно од можните сценарија е дека кланот згрижувал деца од семејства кои доброволно ги дале на грижа и ги терал децата да питачат и да крадат. „Блиц“ пишува дека кланот им е добро познат на истражителите во Хрватска и во БиХ.

1,580

Семеен клан стои зад трговијата со деца во Брчко, се сомневаат полицијата во Босна и Херцеговина и во Хрватска, тврди српски „Блиц“. Кланот им бил познат на истражните органи и претходно бил уапсен за слично дело во регионот, а се истражуваат сите опции, потврдиле неколку извори за весникот.

Едно од можните сценарија е дека кланот згрижувал деца од семејства кои доброволно ги дале на грижа и ги терал децата да питачат и да крадат.






Во куќа во Брчко беше пронајдено дури 31 дете, а ниедно од децата не било постаро од 12 години. Шест од децата имале хрватски пасоши,  како што било утврдено, станува збор за документи со истечен рок. Најмалите деца во Брчко имаат само неколку месеци.

– Наводно, како што се сомневаат, згрижувале деца од семејства чии родители доброволно ги дале на грижа, а некои дури и платиле. Тие потоа, како што се сомнева, ги обучувале овие деца да питачат и ги подготвувале за заминување во некоја од европските земји. Оттука и неважечките хрватски пасоши – вели нашиот соговорник.

„Како што неофицијално дознаваме, децата биле пронајдени во семејниот дом, а за нив наводно се грижеле жената, нејзиниот син и уште едно лице. Наводно, синот работел како судски чувар, а во една куќа било затворено 31 дете“, се вели во статијата.

Според неофицијални информации на „Блиц“, случајот бил откриен кога дванаесетгодишно девојче, кое исто така било „затворено“ во куќата, излегло на улица во придружба на две деца. Таа наводно со себе го имала и пасошот. Девојчето било родено во Шпанија.

Извори за „Блиц“ велат дека маж кој се претставил како татко на две деца се појавил пред полициската станица во Брчко. Тој изјавил дека наводно им платил на осомничените да ги чуваат неговите деца. Тој е од Бања Лука, а како што рече неговата сопруга живее во Загреб со шесте деца.

– Тој изјави дека на уапсената жена и дал пари за да се грижи за неговите деца. На новинарско прашање зошто ги дал децата да се „грижат“ во Брчко, тој рече „Тоа не можете да ме прашувате“ – вели извор за „Блиц“.

Во врска со овој случај се приведени уште пет лица , а нивната улога сè уште се истражува.

Децата во моментов се безбедни и нивната грижа ја презел Центарот за социјална работа.

Поврзани содржини