ХАОС НА АЕРОДРОМОТ ВО МИНХЕН, ОТКАЖАНИ СЕ 80% ОД ЛЕТОВИТЕ Работниците штрајкуваат за повисоки плати

Поради штрајк на аеродромот во Хамбург, исто така, се очекува во четврток и во петок да има прекин на летовите. Синдикатот „Верди“ соопшти дека во штрајкот ќе се вклучат аеродромските работници, персоналот за одржување, ИТ секторот, службите за безбедност на аеродромот и транспорт на багажот.

1,921

На аеродромот во Минхен почна дводневен штрајк на аеродромските работници, организиран од синдикатот „Верди“, поради спорот за платите во јавниот сектор.

„Авиокомпаниите откажаа 80% од планираните летови за денеска и за утре“, објави аеродромскиот оператор FMG на својата веб-страница.






Не е исклучено натамошно откажување на летовите, се вели во соопштението на аеродромот.

На аеродромот во Минхен, првично беа предвидени 830 полетувања и слетувања во текот на двата дена, но со 80% откажани летови, ќе бидат опфатени повеќе од 1.300 авиони.

Аеродромот на југот на Германија е меѓу најголемите во земјата и се користи како секундарен центар за германската авиокомпанија „Луфтханза“ со седиште во Франкфурт.

Поради штрајк на аеродромот во Хамбург, исто така, се очекува во четврток и во петок да има прекин на летовите. „Верди“ во среда соопшти дека во штрајкот ќе се вклучат аеродромските работници, персоналот за одржување, ИТ секторот, службите за безбедност на аеродромот и транспорт на багажот.

Штрајкот, кој треба да заврши утре на полноќ, се организира во време на колективни преговори меѓу вработените во јавниот сектор и локалните власти.

„Верди“ бара зголемување на платите за 8% и подобри услови за работа, вклучително и три дополнителни дена платен одмор.

Поврзани содржини