РУСИЈА ЗАСЕГА НЕ САКА ДА РАЗГОВАРА СО ЕВРОПА Кремљ претпочита да дискутира со САД

вропејците продолжуваат по досегашниот пат и се убедени во потребата од продолжување на војната. Ова убедување на Европејците е во целосна спротивност со напорите да се најде решение за Украина, што во моментов го правиме со Американците, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на третата годишнина од рускиот напад врз соседната земја.

232

Русија во моментов не гледа основа за обновување на дијалогот со Европа, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, неколку часа откако ЕУ го усвои шеснаесеттиот пакет санкции против Москва во врска со војната во Украина, пренесоа британските медиуми.






Песков рече дека Русија сака да најде решение за украинскиот конфликт со водење дискусии со САД и ја обвини Европа дека сака да продолжи со непријателствата.

– Европејците продолжуваат по досегашниот пат и се убедени во потребата од продолжување на војната. Ова убедување на Европејците е во целосна спротивност со напорите да се најде решение за Украина, што во моментов го правиме со Американците – рече Песков на третата годишнина од рускиот напад врз соседната земја.

АКО ПУТИН СОРАБОТУВА, ЕУ НЕМА ДА ГИ ЗАСИЛИ САНКЦИИТЕ ЗА РУСИЈА Фон дер Лајен посочи дека Европа мора да ја забрза испораката на оружје за Украина

Поврзани содржини