СКОЦКАН Е ДОГОВОРОТ МЕЃУ УКРАИНА И САД ЗА МИНЕРАЛИТЕ? Украинската вицепремиерка вели дека останува да се стават потписите

Украинските и американските тимови се во завршна фаза од преговорите за договорот за минерали. Преговорите беа многу конструктивни, со финализирани речиси сите клучни детали, напиша вицепремиерка на Украина Олга Стефанишина.

466

Вашингтон и Киев се блиску до постигнување Договор за користење на минералите, обзнани вицепремиерката на Украина, Олга Стефанишина, преку своја објава на платформата Икс.

„Украинските и американските тимови се во завршна фаза од преговорите за договорот за минерали. Преговорите беа многу конструктивни, со финализирани речиси сите клучни детали. Ние сме посветени да го завршиме ова брзо и да продолжиме со ставање на потпис на тој документ. Се надеваме дека лидерите на САД и на Украина би можеле да го потпишат и поддржат во Вашингтон најбрзо за да ја покажат нашата посветеност во децениите што доаѓаат“, напиша Стефанишина во својата објава.

 






Поврзани содржини