СЕ ОДРЖА ТРЕТИОТ МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР „МАЈА ЛАЗАРОВА ТОДОРОВА“ Споментот за прерано заминатите колеги оставнува вечен, велат организаторите
Турнирот, трета година по ред го организира сопругот на починатата Маја Лазарова-Тодорова, Виктор Тодоров заедно со поддршка од Одделот за заштита на определени личности и објекти (ОЗОЛО).
Третиот Меморијален турнир во чест на прерано починати колеги, припадници на Одделот за заштита на определени личности и објекти (ОЗОЛО) при Министерството за внатрешни работи „Маја Лазарова Тодорова“ денеска се одржа во Спортскиот центар „Јане Сандански“.
Од Одделот за заштита на определени личности и објекти нагласуваат дека секогаш обединето како големо семејство, низ своето постоење, биле зад секој свој припадник.
„За жал, некои од нив прерано починаа и повеќе не се меѓу нас. Поради тоа, целта на меморијалниот турнир е да се оддаде огромна почит на сите нив. Тука припаѓаат искусни полициски службеници, кои се истакнале во своето работење и оставиле професионална трага позади себе од која ние и денес учиме, ја почитуваме и спроведуваме. Во оваа прилика ќе ги споменеме Маја Лазарова Тодорова – која е најмладиот полициски службеник кој прерано нѐ напушти, Зоран Милошески, Борис Велинов, Аце Божиновски, Сашо Арсов-Каси, Цветан Атанасовски, Кристина Анѓелеска, Слаѓан Тасевски, Властимир Божиновски“, соопштија од ОЗОЛО.
Тие оддаваат почит и кон нивните семејства и упатуваат порака дека „Сеќавањето на нив, не само што ќе остане во колективната меморија на нашиот Оддел, туку е и ќе биде пример којшто како завет останува во професоналното делување на секој припадник на Одделот“.
Турнирот се одржа во дисциплината одбојка, а меѓу присутните беше и градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески.
Турнирот, трета година по ред го организира сопругот на починатата Маја Лазарова-Тодорова, Виктор Тодоров заедно со поддршка од Одделот за заштита на определени личности и објекти (ОЗОЛО).