70-ГОДИШЕН РАДОВИШАНЕЦ ПОЧИНАЛ ДОДЕКА ВОЗЕЛ Со автомобилот удрил во бандера и во паркирано возило
„Лекар од Итна медицинска помош Радовиш констатирал смрт кај возачот, која настанала како последица на срцев удар. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Радовиш“, се вели во полицискиот билтен.
Вчера во 10.52 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на улицата 8 Септември во Радовиш, додека управувал патничко возило „сузуки” со радовишки регистарски ознаки, на С.Ѓ.(70) од село Воиславци, радовишко, му се слошило и починал, по што со возилото излетал од коловозот и удрил во столб и во паркирано патничко возило „форд”, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).