ЗАСИЛЕНИТЕ СООБРАЌАЈНИ КОНТРОЛИ ДАВААТ ЕФЕКТ За 60% се намалени сообраќајните незгоди со жртви

Совесните граѓани, оние кои сакаат да го почитуваат законот, кога знаат дека има засилени контроли, дека постои одредена алатка или да речеме, зголемени полициски контроли физички на лице место, внимаваат како возат и поради констатацијата на фактот дека можат да бидат казнети, бројот на сообраќајни несреќи е намален речиси за 30 отсто, бројот на тешки телесни повреди како последица на сообраќајни незгоди е намален за 60 отсто , рече министерот за внатрешни работи на денешната јавна трибина за „Безбеден град“.

319

Со десет дена засилените сообраќајни контроли и зголемени број на регистрирани прекршоци за овој период од почетокот на годината досега, реално е намален бројот на сообраќајните незгоди за 30 отсто и сообраќајните незгоди со жртви за 60 отсто, истакна денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Министерот очекува дека постојаноста на системот „Безбеден град“, кој официјално би требало да се воведе од 1 јануари 2026 година, значително да ги намали тие бројки.






– Совесните граѓани, оние кои сакаат да го почитуваат законот, кога знаат дека има засилени контроли, дека постои одредена алатка или да речеме, зголемени полициски контроли физички на лице место, внимаваат како возат и поради констатацијата на фактот дека можат да бидат казнети, бројот на сообраќајни несреќи е намален речиси за 30 отсто, бројот на тешки телесни повреди како последица на сообраќајни незгоди е намален за 60 отсто – рече министерот на денешната јавна трибина за „Безбеден град“.

Анализата од десетте дена засилена сообраќајна контрола, додаде Тошковски, покажала дека се констатирани 3.965 прекршоци на територија на СВР Скопје, од кои најголем дел 80-90 отсто се сторени од страна на управувачи на моторни возила. Лани имало 2023 прекршоци.

– 1.474, односно околу 37 проценти се последица на управување на возила со брзина поголема од дозволената. Зборуваме за градски средини. Најголемиот фокус беа црните точки на булеварите во Скопје. 882 прекршоци односно 22 проценти се прекршоци за запирање или паркирање на место коешто ја загрозува безбедноста. И би сакал уште една бројка да ја истакнам – 235 прекршоци се сторени од луѓе кои никогаш во живот немаат положено за да управуваат со моторно возило – рече меѓудругото Тошковски.

Министерот Тошковски на дебатата истакна дека со системскиот пристап работната група утврдила дека се потребни промени во пет законски решенија за овој проект квалитетно да профункционира и тоа за Законот за безбедност на патиштата, Законот за прекршоци, Законот за возила, Кривичниот закон и Законот за извршување на санкции. Сите тие, смета тој, се клучни закони кои треба да претрпат измени за да создадеме функционално системско решение.

До крајот на април се очекува сите измени на закони поврзани со безбедноста на сообраќајот во државата да бидат доставени до Собранието. Имплементацијата на системот „Безбеден град“ официјално треба да стартува од 1 јануари 2026 година. Засилените контроли на полицијата и натаму ќе има.

Поврзани содржини