СО ФОКУСОТ НА ТРАМП, И ПАРИТЕ НА ПЕНТАГОН СЕ „СЕЛАТ“ КОН АЗИЈА И КОН ПАЦИФИКОТ Американските команди во Европа, Блискиот Исток и во Африка ќе останат без 50 милијарди долари

Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет сака да ги оствари целите на претседателот Доналд Трамп во азиско-пацифичкиот регион и да даде приоритет на обезбедувањето на границата на САД со Мексико, заедно со други реформи.

231

Пентагон соопшти дека наредил преиспитување на трошоците со цел 50 милијарди долари да се пренасочат кон програмите кои се „поусогласени со приоритетите на американскиот претседател Доналд Трамп за национална одбрана“.

Ревизијата може да биде подготовка за американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет да ги оствари целите во азиско-пацифичкиот регион и да даде приоритет на обезбедувањето на границата на САД со Мексико, заедно со други реформи.






Хегсет побара да му бидат претставени предлозите за намалување на буџетот до 24 февруари, со цел да се постигне годишно намалување од 8 отсто во текот на 5 години. Од предлозите за намалување се изземени 17 сектори во Пентагон, чиј буџет во 2025 година е околу 850 милијарди долари. Меѓу овие исклучоци се воените операции на границата со Мексико и модернизацијата на нуклеарниот арсенал.

„Вашингтон пост“ објави дека Европската команда не е на списокот на исклучоци. Исто така, на списокот не се вклучени и воените команди во Блискиот Исток и во Африка.

Буџетските кратења би можеле да се соочат со силен отпор и од армијата и од Конгресот, каде што голем број пратеници, и републиканци и демократи, веруваат дека воените трошоци се неопходни за да се одвратат заканите, особено од Кина и од Русија.

Според „Вашингтон пост“, Хегсет нагласил дека мисијата доделена од претседателот Трамп на Министерството за одбрана е јасна и гласи: „Постигнете мир преку сила“.

Поврзани содржини