📽 ЕВРЕИН ВО САД ИСПУКАЛ 17 КУРШУМИ КОН ИЗРАЕЛСКИ ТУРИСТИ Мислел дека се Палестинци
На снимката од надзорните камери се гледа дека во саботата, во 21. 30 часот по локално време, 27-годишниот Мордехај Брафма излегол од својот камион и со полуавтоматски пиштол пукал во возило кое минувало на патот. Брафман наводно испукал 17 истрели. Едната жртва ја застрелал во левото рамо, а куршумот поминал покрај левата подлактица на другата жртва.
Евреин во Мајами Бич, во САД, е обвинет за обид за убиство откако застрелал двајца мажи за кои верувал дека биле Палестинци, но за кои се покажало дека биле туристи од Израел, објави Ројтерс.
На снимката од надзорните камери се гледа дека во саботата, во 21. 30 часот по локално време, 27-годишниот Мордехај Брафма излегол од својот камион и со полуавтоматски пиштол пукал во возило кое минувало на патот. Брафман наводно испукал 17 истрели. Едната жртва ја застрелал во левото рамо, а куршумот поминал покрај левата подлактица на другата жртва.
Брафман спонтано им кажал на полицајците во притвор дека додека возел камион „видел двајца Палестинци и ги застрелал и ги убил двајцата“, се вели во официјалните полициски документи.
Полицијата не ја објави националноста на жртвите, но медиумите пишуваат дека станува збор за двајца Израелци кои биле на одмор во САД. Жртвите се Ари Рабеј и неговиот татко.
Медиумите објавија дека од понеделник попладне, Брафман е задржан во притвор поради две обвиненија за обид за убиство.