ЗАДРУГИТЕ МОЖАТ ДА ГИ РЕШАТ ПРОБЛЕМИТЕ СО ЦЕНИТЕ И СО ПЛАСМАНОТ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ ПРОИЗВОДИ Треба само да ги следиме европските искуства

Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски денеска во Велес присуствуваше на настан организиран од страна на Македонската асоцијација на земјоделски задруги за промоција на можностите за финансиска поддршка на земјоделските задруги во Македонија.

130

Министерството за земјоделство останува цврст партнер и поддржувач на земјоделските задруги затоа што тие се единствениот начин за надминување на проблемите кои ги имаат земјоделците со пласманот на нивните производи, производителите ќе станат посилни на пазарот, ќе обезбедат континуирана продукција со стандардизиран квалитет во текот на целата годинa, изјави ресорниот министер Цветан Трипуновски.

– Потребно е да се приближиме кон европските трендови, а едно од решенијата во земјоделството се задругите и организациите на производители се со цел за надминување на предизвиците со пласманот и цените на земјоделските производи – рече тој.






Трипуновски денеска во Велес присуствуваше на настан организиран од страна на Македонската асоцијација на земјоделски задруги за промоција на можностите за финансиска поддршка на земјоделските задруги во Македонија.

Поврзани содржини