ЦРВЕНИОТ ВТОРНИК Е СПРОТИВНОСТ НА ВАЛЕНТАЈН Зошто милениумците раскинуваат на овој ден?

Но, зошто толку разделувања токму во неделата пред Денот на вљубените? Повеќе од четвртина од испитаниците, односно 27%, признале дека сакале да ги избегнат притисоците поврзани со Валентајн.

426

Денешниот ден е најпопуларниот во годината за да раскинете со партнерот, покажало истражување направено врз 1.200 луѓе во САД. Повеќе од третина од нив(36%) раскинале со партнерот во неделата пред Денот на вљубените, додека две третини(66%) раксинале во вторник – наречен Црвениот вторник, пренесува Дејли Мејл.

Сепак, луѓето избегнуваат да раскинуваат лице в лице. Студијата покажува дека 33 отсто од испитаниците раскинале преку телефонски повик, а 29 отсто преку СМС-порака.






Но, зошто толку разделувања токму во неделата пред Денот на вљубените, наречен и Валентајн? Повеќе од четвртина од испитаниците, односно 27%, признале дека сакале да ги избегнат притисоците поврзани со Денот на вљубените. Тие едноставно не можеле да го поднесат чувството на вина преправајќи се дека се вљубени на најромантичниот ден во годината.

Се чини дека постои и генерациска причина за сето ова. Во раскинувањата пред Валентајн предничат мажите милениумци, додека само 8% од бумерите раскинуваат на овој ден.

 

Поврзани содржини