ЕДЕН УБИЕН И ДВАЈЦА РАНЕТИ ВО ЧАИР Крвава престрелка во Скопје, полицијата уапси четири лица

Во 01:40 часот во болницата бил уапсен Б.Б. (39) од Скопје, додека Н.Д. (22) бил приведен на подрачјето на Чаир. Подоцна, полицијата успеала да ги пронајде и Р.Р. (41) и К.Т. (28), кои исто така биле лишени од слобода.

1,290

Едно лице е убиено, а две се повредени во крвава престрелка што се случила ноќеска во скопската општина Чаир.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека 35-годишниот Х.Б. од Скопје им подлегнaл на повредите здобиени во престрелката. Со огнострелни рани биле уште двајца скопјани, меѓу кои А.Д. (35), кој бил итно опериран и задржан на лекување во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, како и Н.Д. (22), кој бил пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.






„На 11 февруари 2025 година, во 00:06 часот, во СВР Скопје од болницата ‘Св. Наум Охридски’ беше пријавено дека кај нив биле донесени две лица со повреди од огнено оружје, од кои едното подоцна им подлегнало на повредите. Полицијата презеде мерки и утврди дека тие учествувале во вооружена престрелка на подрачјето на Чаир“, изјавија од МВР за Плусинфо.

Во врска со инцидентот, полицијата во раните утрински часови уапсила четири лица, за кои постои сомнеж дека биле инволвирани во престрелката. Во 01:40 часот во болницата бил уапсен Б.Б. (39) од Скопје, додека Н.Д. (22) бил приведен на подрачјето на Чаир. Подоцна, полицијата успеала да ги пронајде и Р.Р. (41) и К.Т. (28), кои исто така биле лишени од слобода.

„Лицата се задржани во полициска станица, а по целосно расчистување и документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави“, додаваат од МВР.

Истражните органи работат на целосно расветлување на околностите под кои дошло до престрелката, а полицијата презема мерки за обезбедување дополнителни докази.

Поврзани содржини