СРЕЌЕН И ДОБИТЕН ЈАНУАРИ Видеолотарија им исплати 1,3 милиони евра на играчите

249

Првиот месец во 2025 ќе остане запаметен како најсреќен за многу играчи на Видеолотарија Касинос Австрија. Еден од нив, со сигурност е и Лундрим Мехмеди, кој ја освои празничната ВЛТ џекпот добивка – премиум џекпот, со фантастичниот автомобил – „мерцедес бенц Е 220 Д“. Тој сподели дека по среќниот настан, месецот на неговото раѓање, јануари е неговиот среќен месец.

– Листата на среќни играчи овој месец е навистина импозантна. ВЛТ играчите заедно поделија еден милион и триста илјади евра или фантастични 79.302.433 денари. Пет играчи на видеолотариските терминали освоија Супер милионер џекпот и заедно поделија 30.101.873 денари. Во јануари имаме и нов рекорд по бројот на добитниците на Милионер џекпот. Рекордни 23 играчи заедно поделија фантастични 33.437.567 денари. Двајца од нив одлучија својата среќна приказна да ја споделат и јавно. Добре Нешковски на 20.01.2025 го освои Милионерот на Видеолотарија Касионос Австрија, џекпот добивката вредна 1.433.724 денари. Ервин Раифи од Скопје стана милионер освојувајќи го џекпотот на Видеолотарија Касионос Австрија вреден 1.527.849 денари – велат од компанијата.






Во јануари се радуваа и играчите кои освоија Мини џекпот и заедно поделиле 9.873.815 денари.

– Видеолотарија Касинос Австрија со гордост споделува дека во текот на изминатите 10 години од нашето работење, кон играчите на видеолотариските игри на среќа, исплативме сензационални три милијарди денари. Компанијата работи согласно важечката законска регулатива и светските стандарди за организирање на игри на среќа, што ни овозможи лидерска позиција на полето на електронските игри на среќа – додааваат од ВЛТ.

Поврзани содржини