САКА ДА БИДЕ ДИРЕКТОРКА, А НЕ САКА ДА ЈА ИМА ВО МЕДИУМИТЕ Д-р Каролина Симоновска од „Козле“ бара анонимност на јавна функција

Во документ со официјален печат и потпис, директорката на „Козле“ Каролина Симоновска категорично изјавува дека „не се согласува и во ниту еден случај не дава согласност нејзиното име и професионалност да бидат објавувани во медиуми“.

1,928

Во една демократска средина, транспарентноста на јавните функционери е основен принцип кој ја одржува довербата на граѓаните во институциите.

Сепак, последната изјава на в.д. директорката на ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата Козле, д-р Каролина Симоновска, отвора сериозни прашања за тоа дали некои функционери ја разбираат својата одговорност кон јавноста.






Во документ со официјален печат и потпис, Симоновска категорично изјавува дека „не се согласува и во ниту еден случај не дава согласност нејзиното име и професионалност да бидат објавувани во медиуми“.

Во продолжение, нејзината изјава:

„Јас, Д-р Каролина Симоновска, именувана за в.д. Директор во ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата Козле – Скопје, под целосна материјална, морална и професионална одговорност, изјавувам дека не се согласувам и во ниту еден случај не давам согласност моето име и презиме и професионалност да биде објавувано по медиуми. Особено во ниту еден случај моето име и презиме и мојата професионалност да биде злоупотребувано на начин што неовластено и во контекст на невистинити објави ќе биде употребувано јавно по медиуми. Секоја постапка спротивна на горенаведеното претставува нарушување на мојот професионален, личен и морален интегритет и при тоа го задржувам правото да ги преземам сите законски мерки од секој обид на манипулација или неовластена употреба на моето име и презиме“, напиша д-р Каролина Симоновска во мејлот до медиумите.

Поврзани содржини