ИСЧЕЗНАТАТА СТАНИКА КИТАНОВСКА E ПРОНАЈДЕНА МРТВА Полицијата го откри телото на 64-годишната жена на кое има траги од животни

Специјален тим полициски службеници, според информации од семејството, телото го пронашло во долот во селото, без траги на живот. Телото не било во фаза на распаѓање, но имало траги од напади на животни.

626

Вчера без знаци на живот било пронајдено телото на 64-годишната Станика Китановска од селото Цветишница која беше пријавена за исчезната.

– На 02.02.2025 околу 10.30 часот во село Цветишница, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од СВР Куманово ја пронашле почината С.К.(64) за која на 27.12.2024 година беше пријавено дека се оддалечила од нејзиниот дом – информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.






Специјален тим полициски службеници, според информации од семејството, телото го пронашло во долот во селото, без траги на живот. Телото не било во фаза на распаѓање, но имало траги од напади на животни.

Китановска била пријавена за исчезната на 27 декември минатата година.

Поврзани содржини