СЕМЕЈНА РАСПРАВИЈА СО КРВАВ ЕПИЛОГ Малолетничка со нож го нападна татка си
Инцидентот се случил утринава околу 09:40 часот, а повредениот маж бил пренесен во Здравствениот дом Пробиштип, каде му била укажана лекарска помош. По извршен преглед, и малолетничката била однесена во здравствена установа.
Во семејниот дом во Пробиштип, 16-годишно девојче со остар предмет му нанело убодна рана на својот татко И.А. (46) по претходна расправија помеѓу родителите, соопшти СВР Штип.
Инцидентот се случил утринава околу 09:40 часот, а повредениот маж бил пренесен во Здравствениот дом Пробиштип, каде му била укажана лекарска помош. По извршен преглед, и малолетничката била однесена во здравствена установа.
„Во присуство на претставници од Центарот за социјални работи Пробиштип, полицијата извршила разговор со мајката и другите две деца во семејството. За случајот бил известен јавен обвинител, а по целосното документирање ќе следи соодветна пријава“, информираат од полицијата.