ИМАМЕ НАЈНИСКИ ПРИДОНЕСИ НА ПЛАТА ВО РЕГИОНОТ Владата ќе прифати сѐ што ќе се договори за зголемувањето на минималната плата
Министерката е со став дека Владата ќе прифати висина на минимална плата која ќе ја договорат засегнатите страни - работодавачи и синдикати.
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска го повтори ставот на Владата дека ќе ја прифати висината на минималната плата која ќе ја договорат работодавачите и синдикатите на Економскиот-социјален совет.
– Владата ќе го следи процесот и ќе прифати сѐ што ќе се договорат двете страни околу зголемувањето на минималната плата во земјава – рече таа.
Во врска со барањето од коморите дел од придонесот за евентуалната повисока минимална плата да го покрие Владата, таа рече дека она што треба да се плати кон државата ќе треба и да се плати.
– Тоа не е договор, тоа меѓу себе ќе се договорат. Тоа што е обврска што треба да си платат кон државата, ќе треба да си го платат. Сметаме дека давачките не се највисоки. Имаме придонеси кои што се многу пониски од придонесите во соседството, методологија која што е прифатлива и подобра во однос на оние во соседството, така што не сметам дека треба нешто да менуваме во тој дел – рече Димитриеска-Кочоска.