📽️ ЏЕНИФЕР АНИСТОН КОНЕЧНО ПРОГОВОРИ ЗА АФЕРАТА СО ОБАМА Актерката ја откри вистината
Холивудската актерка Џенифер Анистон конечно одлучи да стави крај на гласините кои последните месеци се шират во јавноста, а се во врска за нејзиниот наводен однос со поранешниот американски претседател Барак Обама.
Холивудската актерка Џенифер Анистон конечно одлучи да стави крај на гласините кои последните месеци се шират во јавноста, а се во врска за нејзиниот наводен однос со поранешниот американски претседател Барак Обама.
Гласините за можна врска помеѓу Анистон и Обама се појавија откако беше откриено дека бракот меѓу Барак и Мишел Обама е во криза.
Овие наводи предизвикаа бура во медиумите, а дополнително внимание привлече фактот што Мишел не присуствуваше на одредени важни настани, како што се погребот на Џими Картер и инаугурацијата на Доналд Трамп.
Извори блиски на Анистон велата дека актерката одлучила да преземе чекори за да ги прекине шпекулациите кои ја повредиле не само Мишел, туку и самата неа.
After watching this, I’m totally convinced that the story about Jennifer Aniston and Barack Obama is true!
What about you? pic.twitter.com/Dq0uVUM5aG— Vince Langman (@LangmanVince) January 24, 2025
„Џенифер едвај го познава Обама, а овие гласини се навистина луди“, изјавил извор за „Радар онлајн“.
Џенифер, според блиски пријатели, е загрижена за влијанието на овие гласини врз Мишел Обама. Самата актерка беше на удар за слични приказни за време на бракот со Бред Пит, кога медиумите тврдеа дека Бред ја изневерувал со Анџелина Џоли.
„Џен знае колку можат да бидат болни овие приказни. Таа е шокирана, но и збунета, бидејќи не разбира како луѓето доаѓаат до овие идеи“, рекол изворот.
Извори блиски до Барак тврдат дека тој и Мишел веќе се разделиле и живеат одвоено. Очигледно, разводот ќе се случи тивко, без помпа, за да се зачува нивното достоинство.
„Барак е подготвен да продолжи понатаму, а истото важи и за Мишел, која конечно реши да се стави себеси на прво место“, вели изворот.
Анистон ги демантирала сите шпекулации за врска со претседателот, нагласувајќи дека едвај го познава. Пред водителката да постави прашање и да и ја покаже насловната страница на таблоидот, таа гласно се насмеа велејќи дека не му се лути, туку дека е многу смешен.
„Го сретнав само еднаш. Ја познавам Мишел многу подобро од него“, изјави Џенифер во шоуто на Џими Кимел.
Долгогодишниот публицист на актерката исто така ги осуди гласините, нарекувајќи ги „целосни измислици“.
Иако приказната привлече големо внимание во јавноста, Џенифер Анистон јасно стави до знаење дека нема никаква врска со Обама.