ПОЗНАТИ ПОЛУФИНАЛИСТИТЕ ВО МЕЛБУРН Ѓоковиќ ќе игра против Зверев, а Синер ќе ги одмери силите со Шелтон

Во едното полуфинале ќе се игра 13-та средба меѓу Ѓоковиќ и Зверев, а Србинот води со 8-4 во меѓусебните дуели.

759

Светскиот рекет број еден Јаник Синер денес го победи Австралиецот Алекс Де Минаур во четвртфиналето на Австралија Опен со резултат 6:3, 6:2, 6:1.

Мечот траеше 1 час и 50 минути. 23-годишниот Синер имаше 2 асови и реализираше 1 брејк од 1. Австралиецот направи 2 аса, 1 двојна грешка и реализира 4 брејк топки од 10.






Во полуфиналето Синер ќе се соочи со Американецот Бен Шелтон.

Американецот Бен Шелтон за прв пат во кариерата обезбеди пласман во најдобрата четврорка на Австралија Опен, Гренд слемот. Тој во 1/4 финалето беше подобар од италијанецот Лоренцо Сонего со 3:1 по сетови 6:4, 7:5, 4:6, 7:6 по 3 часа и 53 минути минати на теренот.

Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Новак Ѓоковиќ и Александер Зверев кои своите натпревари ги одиграа вчера.

Иако е сè уште неофицијално, Џим Куриер откри дека Србинот и Германецот ќе играат во текот на денот.

Тоа значи дека нивниот натпревар ќе започне во 4 часот по наше време.

Тоа ќе биде нивна 13-та средба, а Ѓоковиќ води со 8-4 во меѓусебните дуели.

Последен пат играа во полуфиналето на Синсинати 2023 година, кога Новак победи со 7:6 (5), 7:5.

Поврзани содржини