ТИК-ТОК ПОВТОРНО Е ОНЛАЈН ВО САД Трамп најави дека ќе ја одложи забраната на апликацијата
Платформата за кратки видео снимки Тик-Ток по неколкучасовен прекин повторно е активна за корисниците во САД, по изјавата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп дека во понеделник ќе потпише извршна наредба за одложување на нејзината забрана.

Трамп тоа го објави на неговата на платформа Truth social, откако милиони корисници на Тик-Ток денеска се разбудија и открија дека повеќе не можат да пристапат до апликацијата. Гугл и Ејпл ја отстранија апликацијата од нивните дигитални продавници, за да се усогласат со федералната регулатива која бараше да го сторат тоа.
„Во понеделник ќе издадам извршна наредба за продолжување на временскиот период пред да стапат во сила забраните на законот, за да можеме да направиме договор за заштита на нашата национална безбедност“, напиша Трамп.
Законот му дава овластување на претседателот да го одложи спроведувањето на забраната, доколку продажбата е во тек.
Иако инвеститорите дадоа неколку понуди, Тик-Ток соопшти дека нема да ја продаде компанијата.
Популарната апликација денеска го блокираше пристапот за корисниците во САД, бидејќи требаше да стапи во сила новиот американски закон со кој се наложува Тик-Ток или да биде продадена од неговите сегашни кинески сопственици, Bytedance или да биде забранета.