БОГОЈАВЛЕНСКИОТ КРСТ ЌЕ СЕ ПОЛОЖУВА ВО КИСЕЛА ВОДА Манифестацијата за Водици ќе започне од храмот „Св. Ѓорѓија“
Општина Кисела Вода ја продолжува возобновената традиција за положување на Светиот Крст во осветените води, како дел од прославата на Водици. Настанот ќе се одржи во базенот ,,Расадник”, во недела на 19-ти јануари 2025год.