РУСКА „ФЛОТА ВО СЕНКА“ ИЛИ НЕШТО ДРУГО? Авиони и фрегати на НАТО ќе ги штитат подморските кабли во Балтичкото Море

Полскиот премиер, Доналд Туск, во понеделникот изјави дека ќе соработува со сојузниците за воведување правни мерки за да се запре движењето на бродовите низ Балтичкото Море во водите кои не припаѓаат на ниедна земја.

588

 

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во вторникот објави дека НАТО започнува нова мисија за заштита на подморските кабли во регионот на Балтичкото Море.






– Мисијата ќе вклучи низа средства, меѓу другото и фрегати и поморски патролни авиони, а таа ќе го зајакне нашето присуство на Балтикот – рече Руте.

Тој додаде дека ќе биде распоредена и мала флота од поморски беспилотни летала „за да се обезбеди засилен надзор“.

Исто така, полскиот премиер, Доналд Туск, во понеделникот изјави дека ќе соработува со сојузниците за воведување правни мерки за да се запре движењето на бродовите низ Балтичкото Море во водите кои не припаѓаат на ниедна земја.

Земјите-членки на НАТО најавија дека ќе распоредат фрегати, патролни авиони и поморски беспилотни летала во регионот за да помогнат во заштитата на критичната инфраструктура и да го задржат правото да преземат акција против бродовите за кои постои сомневање дека претставуваат закана за безбедноста.

Во меѓувреме, Туск, исто така, негираше дека добил информации, поврзани со информации што се појавија претходно во текот на денот во полските медиуми, дека брод од руската „флота во сенка“ кружи околу подводен гасовод во Балтичкото Море.

Портпаролите на министерството и на армијата негираа дека добиле такви пораки.

Германскиот канцелар, Олаф Шолц, во вторникот изјави дека низата инциденти во Балтичкото Море мора да се сфатат како дел од хибридната стратегија што им се заканува на европските земји.

Говорејќи во пресрет на состанокот на лидерите на НАТО во Хелсинки, германскиот канцелар ги повика балтичките земји да дејствуваат на координиран и на брз начин во регионот на Балтичкото Море, пренесуваат британските медиуми.

Претседателот на Латвија, Едгарс Ринкевичс, пред состанокот на членките на НАТО, што се одржува денеска во Хелсинки, изјави дека европските држави мора да бидат подготвени да се соочат со нови инциденти во Балтичкото Море по неодамнешното оштетување на подводната инфраструктура.

На денешната средба присуствуваат генералниот секретар на НАТО Марк Руте, данската премиерка Мете Фредериксен, германскиот канцелар Олаф Шолц, летонскиот претседател Едгарс Ринкевич, литванскиот претседател Гитанас Науседа, полскиот премиер Доналд Туск, шведскиот премиер Улф Кристерсон и извршниот потпретседател на Европската комисија Хена Виркунен, наведено е на веб-страницата на НАТО.

Домаќини на самитот се претседателот на Финска, Александар Стуб, и премиерот на Естонија, Кристен Михал.

ШЕСТ БАЛТИЧКИ ДРЖАВИ ТРГНАА ВО ОФАНЗИВА ПРОТИВ РУСКИТЕ ЕНЕРГЕНТИ ВО ЕУ Бараат целосна забрана за увоз на гасот и пониска максимална цена за нафтата

Поврзани содржини