ДА Ѝ ПОМОГНЕМЕ НА АНА Македонија собира пари за операцијата на 16-годишната средношколка

Шеснаесетгодишната Ана Радеска од СУГС „Орце Николов“ боледува од ретка болест. Потребна е итна операција на мозокот која чини 37.000 евра и би се извршила во Бамберг, Германија.

482

 

Ана Радеска (16) од Скопје живее со ретко медицинско нарушување, кое предизвикува сериозни здравствени компликации. Станува збор за ретката болест Арнолд Киари.

Единствената шанса за нормален живот на Ана е сложена операција на мозокот во специјализирана болница во Германија.

Вкупните трошоци изнесуваат 37 илјади евра, што ја опфаќа операцијата, престојот, лекувањето и транспортот.

Семејството на Ана нема можност да ги покрие овие средства и затоа деновиве преку социјалните мрежи апелира за поддршка, за донации и за споделување на приказната на Ана со колку што е можно повеќе луѓе.

Поврзани содржини