ЧЕТИРИГОДИШНО ДЕТЕ ОД СООБРАЌАЈКАТА КАЈ РАШЧЕ Е ДОНЕСЕНО ВО БОЛНИЦА Во водите на Вардар се бараат 4 лица

Несреќата била пријавена во СВР Скопје и како што соопшти МВР на локалниот пат за с.Рашче патничко возило излетало од патот и паднало во Вардар.

502

По сообраќајната несреќа во која попладнето автомобил излетал од патот кај село Рашче и паднал во Вардар, случајни минувачи донеле четиригодишно дете во ГОБ „Св. Наум Охридски“ кое потоа е пренесено во Клиничкиот центар во Скопје.

– Во 18 часот од ГОБ „Св. Наум Охридски” сме известени дека кај нив од страна на случајни минувачи е донесено четиригодишно дете, кое потоа е пренесено во Клинички центар, информираат за МИА од Министерството за внатрешни работи.






Засега нема официјални информации за бројот на патниците, но се претпоставува дека во него имало 4 лица.

Екипа на САЕ Тигар презема мерки за вадење на автомобилот. На лице место е и јавен обвинител, како и екипи на Итната помош.

Несреќата била пријавена во СВР Скопје и како што соопшти МВР на локалниот пат за с.Рашче патничко возило излетало од патот и паднало во Вардар.

Поврзани содржини