САМИТОТ НА НАТО ВО 2027 ГОДИНА ЌЕ СЕ ОДРЖИ ВО ТИРАНА Рама се пофали дека Албанија станува меѓународно почитувана земја

Присуството на американскиот претседател и сите лидери на НАТО во Тирана ќе биде јасна порака за новата меѓународна позиција на Албанија. Иако сме мала земја, денес сме повеќе почитувани од кога било во нашата историја - изјави Рама.

502

Албанскиот премиер Еди Рама соопшти дека Тирана ќе биде домаќин на НАТО самитот во 2027 година.

На годишниот состанок, Рама истакна дека Албанија станува „меѓународно почитувана и ценета земја“. Тој најави и дека Албанија ќе го организира Самитот на Европската политичка заедница на 16 мај 2025 година.






– Присуството на американскиот претседател и сите лидери на НАТО во Тирана ќе биде јасна порака за новата меѓународна позиција на Албанија. Иако сме мала земја, денес сме повеќе почитувани од кога било во нашата историја – изјави Рама.

Дополнително, Рама потврди дека Албанија ќе ја забрани платформата ТикТок на една година, откако платформата беше поврзана со трагичен инцидент меѓу ученици.

Поврзани содржини