📽 ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА ЖИВОТОТ НА МИНУС 70 СТЕПЕНИ Во најстуденото место на планетата се јаде, се пие и се оди во кино и во музеј
Денес во Јакутск, најстудениот град во светот, температурата е -31 степени Целзиусови. Тоа е добро бидејќи таму температурите во текот на зимата се спуштаат и до -50 степени Целзиусови, а најниската температура, досега измерена во овој руски град, е -71 степен (поточно, во селото Ојмјакон, кое се смета за најстуденото место на земјата).
Можете ли да замислите да го започнете денот со сечење мраз за да има вашето семејство вода за пиење додека температурата надвор е многу под нулата. Да замислите толкав студ што можете да се капете еднаш неделно? Посетувањето училиште да биде секојдневна борба? За жителите на Јакутск, ова е секојдневие.
Сега е „топло“, само минус 31
Денес во Јакутск, најстудениот град во светот, температурата е -31 степени Целзиусови. Тоа е добро бидејќи таму температурите во текот на зимата се спуштаат и до -50 степени Целзиусови, а најниската температура, досега измерена во овој руски град, е -71 степен (поточно, во селото Ојмјакон, кое се смета за најстуденото место на земјата).
Најстудениот месец во Јакутск е јануари, а жителите на градот преземаат дополнителни мерки на претпазливост за да се заштитат. Меѓутоа, воздухот е доволно студен за да ја вкочани изложената кожа, што го прави студот постојана опасност.
Тато, исечи ми парче мраз, да се напијам!
Киун Б. пораснала во Јакутск, Сибир, и го документира својот живот на нејзиниот канал на Јутјуб, каде што има над 1,4 милиони претплатници. Нејзините видеа имаат милиони прегледи. Пред 10 месеци таа објави видео, наречено „Одгледување 22 деца во најстудениот град на светот“, кое до има 21 милион прегледи.
Во тоа видео опишува дека денот на таткото на Александар Павлов започнува со сечење на мразот за да има семејството доволно вода тој ден. Семејството Павлов има 22 деца, од кои 18 се посвоени. Осум од нив сè уште живеат во семејниот дом, додека, пак, другите пораснале и создале свои семејства. Нема одење на училиште ако надвор е многу студено.
Киун вели дека градот има функционален јавен превоз кој работи и при екстремен студ. Зеленчукот и овошјето во тој град се многу скапи, па честопати користат како замрзната храна.
За разлика од некои други, луѓето одат и во музеј
Во едно видео таа опишува како граѓаните се забавуваат додека е екстремно студено. Луѓето со деца ги минуваат викендите дома на топло, само во сабота одат на пазарење намирници. Помладите го поминуваат слободното време во лизгање, во музеи, на пазарење или в кино.
Некои велат дека не го сакаат студот, но се навикнати на тоа.
– Кога температурата ќе падне под -50 степени, чувствувате студ, тешко се дише – вели една граѓанка.
Киун вели дека мештаните се навикнати на студот и дека и покрај предизвиците не сакаат да живеат на потопло место.