🎥 КОНЦЕПТ НА РЕГИОНАЛЕН РАЗВОЈ, РЕФЕРЕНДУМ ЗА ОТПОВИКУВАЊЕ ГРАДОНАЧАЛНИК, КОМУНАЛНА ПОЛИЦИЈА… Ова се дел од реформите што ги подготвува ресорот на Перински

„Во сегментот на регионалниот развој засега сме многу слаби. Никој да не водел сметка за тоа. Јас тоа навистина сакам да го смениме. Сега почнуваме да градиме капацитети, кои се многу важни за пристап до фондовите на Европската унија“, потенцира министерот за локална самоуправа Златко Перински во гостувањето на телевизија Алфа.

1,024

„Мора да влеземе спремни во процесот на зачленување во ЕУ и мора да знаеме што сакаме кога ќе влеземе во Унијата, кога ќе имаме пристап до фондовите што таа ги нуди на своите земји членки. Во таа насока, сега сме насочени кон градење на реформа за адаптираме на Министерството, согласно со сите останати земји и со нивните ресори за локална самоуправа и регионален развој“, изјави министерот Златко Перински во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа.

Никаде во регионот нема веќе Министерство за локална самоуправа, додава тој. Тие се Министерства за кохезија и регионален развој и слично. Перински смета дека тоа е соодветно и за Македонија, бидејќи ова се примери на земји кои веќе го поминале патот по кој ние допрва треба да го одиме.






Министерството за локална самоуправа, на чие чело сега е Перински, третира две суштински теми – локалната самоуправа и регионалниот развој.

-Во сегментот на регионалниот развој засега сме многу слаби, но сега почнуваме да градиме капацитети, за да можеме да се адаптираме за потребите и политиките коишто ги нуди Европската Унија. Во моментов, никој не води доволно сметка за регионалниот развој и јас тоа навистина сакам да го смениме, тоа е еден од императивите на оваа влада – објаснува тој.

Перински смета дека Законот за локална самоуправа е поставен на здрава основа. Станува збор за системски закон којшто произлегува од еден исклучително тежок процес за Република Македонија, а тоа е Охридскиот рамковен договор.

-Ова е законско решение кое што е постаро од две декади и нормално е да се јави потреба од подобрување, од модернизирање на законското решение. Главната иницијација за отворање на овој системски и двотретински закон е од изразеното незадоволство на граѓаните од одредени сегашни градоначалници. Откако ќе го добијат мандатот, градоначалниците не можат да бидат отповикани по ниту еден основ, освен ако судот оцени дека направиле кривично дело, или, не дај Боже, ако се случи најлошото. Сметаме дека ние треба таа можност да им ја дадеме на граѓаните. Такво законско решение постоело во Законот за локална самоуправа од 1995 година. Освен тоа, таква е и препораката на Венецијанската комисија во извештајот од 2019 година. Идејата е да се даде можност за референдумско изјаснување за отповик на градоначалник, но да се внимава тој механизам да не се злоупотребува – објаснува Перински.

Процесот на иновирање на Законот за локална самоуправа е почнат со УНДП, а вклучени се четири домашни експерти и еден интернационален експерт, којшто ќе се aнгажира во периодот којшто ќе следи.

-Целата процедура ќе се спроведе на максимално транспарентен и отворен начин. Планирано е со дополнувањето на Законот да биде овозможено и функционирање на комунална полиција, со цел да се елиминираат девијантни однесувања на групи граѓани. Планирано е во законската рамка да се вметне дел со кој ќе се овозможи поголемо учество на граѓаните во креирање на локалните буџети – изјави Перински.

Тука може да го проследите гостувањето на министерот Златко Перински на телевизија Алфа:

Поврзани содржини