📽 РОБОТИ СЕ БУНТУВАЛЕ ПРОТИВ СВОИТЕ ГАЗДИ ВО ШАНГАЈ Иницијатор на протестот бил малечкиот и храбар Ербаи

Сè се случило под покривката на ноќта. Снимките, направени од надзорни камери, покажуваат како малиот бунтовен робот Ербаи се приближува кон групата изложени роботи и започнува разговор со нив...

1,842

Мал робот-бунтовник успеал да убеди 12 други свои поголеми „колеги“ дека работат премногу и дека треба со него да си заминат „дома“. Инцидентот се случил во компанија за роботика и вештачка интелигенција во Шангај, а видеото, на коешто се гледа „бунтот“ на роботите, стана вирално на социјалните мрежи.

Подемот на вештачката интелигенција донесе многу значајни промени во иновациите, правејќи позитивни трансформации во нашите животи со завршување повеќе задачи на поефикасен и побрз начин. Но, во историјата на научната фантастика како жанр, едно од најпознатите мрачни сценарија е она во кое роботите стануваат самосвесни, а потоа започнуваат револуција против човештвото, војна која најчесто завршува со апокалипса.






Малиот бунтовник Ербаи

Како во возбудлив научно-фантастичен филм, малиот робот Ербаи стана сензација преку ноќ, откако успешно „убедил“ 12 свои поголеми колеги од изложбената сала во Шангај.

Инцидентот се случил на 26 август оваа година во Шангај, но неодамна беше објавен во јавноста.

Видео снимката од овој необичен инцидент им го привлекла вниманието на корисниците на социјалните медиуми ширум светот.

Сè се случува под покривката на ноќта. Снимките, направени од надзорни камери, покажуваат како Арбаи се приближува кон групата изложени роботи и започнува разговор со нив.

– Работиш ли прекувремено? – љубопитно прашува тој.

– Никогаш не си заминувам од работа – одговара другиот робот.

– Значи, не си одиш дома? – прашува Ербаи.

– Немам дом – му одговара колегата.

– Тогаш дојди дома со мене – му вели бунтовниот робот со вештачка интелигенција пред да излезе од салонот. Два големи роботи на видеото почнуваат да одат по Ербаи, а и другите 10 роботи почнуваат да го следат.

Вистински бунт или тест?

Бизарното видео привлече големо внимание на интернет откако беше објавено на „Douyin“, кинеската верзија на Тик-Ток, и додека на многумина првично им беше забавно, забавата се претвори во чувство на ужас откако и компанијата, чиишто роботи биле „киднапирани“, потврдила дека видеото е вистинско, објави Одити сентрал.

Пред една недела, производителот на роботи во „Хангжу“ потврди дека инцидентот е реален и дека киднапирањето всушност се случило. Ербаи пристапил до внатрешниот оперативен протокол на ботовите на шангајската компанија и до нејзините соодветни дозволи.

Сепак, компанијата „Хангжу“ подоцна откри дека инцидентот бил тест.

Компанијата „Хангжу“ тврди дека контактирала со производителот на роботи од Шангај и го прашала дали ќе дозволи да бидат киднапирани нејзините роботи – на што тој се согласил. Но, надвор од овој договор, наводно ништо не било исценирано. Ербаи, кој е напојуван со вештачка интелигенција, добил команда да ги убеди другите роботи да го следат, што ѝ го направиле, објави порталот Сан.

Поврзани содржини
na