Ноќва во 00.50 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле 41-годишниот М.Н. од гостиварска Долна Бањица, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).
Околу 23.30 часот, тој бил пријавен од Љ.Л.(61) од истото село дека со воздушна пушка му го ранил неговото
куче.
„Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок“, соопшти МВР.