ЗА НЕКОЈ ДА МЕ БАКНЕ, МОРА ДА Е ГЛАДЕН БАРЕМ 3 ЧАСА! Поради ретка болест, обичен бакнеж може да биде фатален за младата Американка
„За некој да ме бакне, не смее да јаде ништо три часа претходно. Освен тоа, не може да јаде ниту еден од моите шест главни анафилактички алергени – кикиритки, јаткасти плодови, сусам, сенф, морска храна или киви – најмалку 24 часа претходно“, вели Американката Керолајн Креј Квин која боледува од ретко заболување
За Керолајн Креј Квин, невиниот допир со усните не е само безгрижно задоволство, туку и потенцијална закана за животот.
Оваа млада жена од Бостон боледува од синдром на активирање на мастоцитите (MCAS), ретко пореметување кое погодува само еден од 150.000 луѓе.
MCAS предизвикува телото претерано да реагира на различни предизвикувачи, вклучувајќи одредени видови храна, мириси и други фактори на животната средина.
Во случајот на Керолајн, состојбата е особено сериозна; таа може да консумира само два вида храна – овес и специјализирана формула за храна.
Сè друго може да предизвика сериозни алергиски реакции, па дури и смрт.
Повеќе за ова прочитајте на „Мајка и дете“.