„БОЖЕ КОЛКУ БРЗО РАСТАТ“ Ќерката на Ѓоковиќ учи во приватно училиште, таму часовите се пократки од 45 минути

Јелена и Ѓоковиќ за своите чеда избраа училиште каде наставата не трае 45 минути, родителите се активно вклучени во образованието, а децата се охрабруваат да бидат креативни.

1,002

Тара, ќерката на Новак и Јелена Ѓоковиќ, денеска на 2 септември го слави седмиот роденден и тргнува во прво одделение. Мама Јелена ги сподели своите емоции на Инстаграм, посочувајќи како Тара и нејзиниот брат Стефан брзо пораснале.

„Боже, колку брзо растат“, напиша Јелена.






Синот Стефан е запишан во приватно училиште во Србија кое се истакнува по својот специфичен пристап кон работата со деца. Јелена како посветена мајка внимателно го избра училиштето за Стефан, а истото внимателно го избра и за Тара.

Тие избраа училиште каде наставата не трае 45 минути, родителите се активно вклучени во образованието, а децата се охрабруваат да бидат креативни.

 

Поврзани содржини