КОЛОНИ НА ТАБАНОВЦЕ И НА БОГОРОДИЦА Се чека околу 30 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

171

Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информира Авто мото сојузот.

На граничните премини „Табановце” и „Богородица” за влез и излез од државата се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.






АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Поврзани содржини