ЦЕНАТА НА ПЧЕНИЦАТА ПАДНА НА РЕКОРДНИ 5,2 ДОЛАРИ ЗА БУШЕЛ Последен пат ваква цена имаше во 2020 година

Цените на пченицата се намалија и како резултат на можниот штрајк на железничарите во Канада и оптимистичките прогнози на САД за производство во Украина.

196

Цените на пченицата на берзата во Чикаго денеска паднаа на најниско ниво од септември 2020 година, на 5,20 долари за бушел (27,2 кг) како резултат на добрата снабденост на САД со оваа култура.

Цените на пченицата се намалија и како резултат на можниот штрајк на железничарите во Канада и оптимистичките прогнози на САД за производство во Украина.






Можноста за штрајк на железницата во Канада ги натера земјоделците однапред да ја продаваат својата пченица за да ги избегнат очекуваните проблеми со транспортот, а се очекува земјата да произведе околу 25,3 милиони тони во сезоната 2024/2025.

Американското Министерство за земјоделство (USDA) ги зголеми прогнозите за украинското производство на пченица, за 10,8 % на 21,6 милиони тони, а очекуваниот пораст на понудата дополнително ја намали цената на пченицата.

Интересно е што цената на пченицата паѓа и покрај тоа што Франција ја има најлошата жетва во последните повеќе од 40 години, а пад на производството има и во Русија.

Поврзани содржини