„РУСИЈА ГИ ЗЛОУПОТРЕБУВА ПРОТЕСТИТЕ ВО СРБИЈА ЗА СВОЈ ИНТЕРЕС“ Лага е дека сме вмешани во демонстрациите, демантира Вашингтон

Не сме изненадени од тоа што Русија ги инструментализираше овие протести во Србија за да ја оствари сопствената политичка програма во Србија, икако што го прави истото низ целиот свет, тврди Вашингтон.

462

Од Вашингтон велат дека протестите се само демократија на дело, отфрлајќи ги сите обвинувања дека на каков било начин се вмешани во нив, пишува Радио Слободна Европа.

„Мирните протести и правото на граѓаните слободно да протестираат и говорат се важен дел на демократијата“, соопшти Стејт Департментот.






Српскиот претседател Александар Вучиќ минатата недела ги обвини демонстрантите дека се дел од „хибридната“ војна против неговата влада којашто според него ја поддржуваат западните земји, без притоа да понуди какви било докази за тие тврдења.

Од друга страна, пак, и Москва го обвини Западот дека ги поддржува овие протести, додека потпретседателот на српската влада, Александар Вулин, им се заблагодари на руските безбедносни агенции поради тоа што ја предупредиле српската влада за наводни „подготовки за масовни немири и обид за државен удар“.

Како одговор на обвинувањата, од Стејт Департментот исто така додаваат: „Не сме изненадени од тоа што Русија ги инструментализираше овие протести во Србија за да ја оствари сопствената политичка програма во Србија, исто што го прави истото низ целиот свет“.

Инаку, демонстрантите бараат да се запре литиумскиот проект на англиско – австриската компанија „Рио Тинто“ во Јадар, во западна Србија, поради стравувања дека тој ќе ги загади околната почва и водите, а српската влада уште во 2022 година беше принудена да го отфрли овој проект поради тогашните масовни протести на граѓаните.

„ЗАПАДОТ СЕ ОБИДЕ ДА НАПРАВИ ШАРЕНА РЕВОЛУЦИЈА ВО СРБИЈА“ Сакаат да ја заменат легитимната влада со послушници на Вашингтон, обвини Патрушев

 

Поврзани содржини