Ѝ ДАЛ ЗНАК ДА СОПРЕ, А ПОТОА ЈА ДОПИРАЛ ПО ТЕЛОТО Полицаец ја злоупотребил положбата, поднесена е пријава

На 31.07.2024 околу 22.30 часот на бул.„Крсте Мисирков" во Скопје пријавениот вршел сообраќајна контрола и ја злоупотребил својата положба на тој начин што откако оштетената го запрела возилото на негов знак, ја отворил вратата од возилото и ја допирал по телото оштетената.

2,055

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе пријава за полицискиот службеник со ицинијали К.С. од Полициската станица Бит Пазар за кого постои сомневање дека извршил кривично дело „обљуба со злоупотреба на положбата” по член 189 став 1 од Кривичниот законик. На 31.07.2024 околу 22.30 часот на бул.„Крсте Мисирков” во Скопје пријавениот вршел сообраќајна контрола и ја злоупотребил својата положба на тој начин што откако оштетената го запрела возилото на негов знак, ја отворил вратата од возилото и ја допирал по телото оштетената.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против полицискиот службеник К.С. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работно место се до завршување на дисциплинската постапка.

 

 

Поврзани содржини