Боеми од нашиот сокак

Во договор со Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, Плусинфо повремено ќе преобјавува делови од негови колумни објавени во дневниот весник „Дневник“. На тој начин, освен што ќе ги освежиме сеќавањата на овој исклучителен интелектуалец, сакаме да придонесеме и за активностите на Фондацијата која го продолжува неговото благородно дело.

985

РЕПРИНТ (Објавено во „Дневник“ на 23.12.1998 година)

От­ка­ко, на вре­ме­то, не­кој бе­ше нап­ра­вил га­ла си­не­мас­коп фил­м со „осов­ре­ме­не­та” вер­зи­ја на „Кар­мен”, нас­та­на вис­тин­ска ма­ни­ја на ев­ти­но „мо­дер­ни­зи­ра­ње” на опе­ри­те со пре­не­су­ва­ње на нив­но­то деј­стви­е во се­гаш­ни­на­та. Та­ка, ед­но вре­ме, по зем­јот­ре­сот, во Скоп­је „Тра­ви­ја­та” од Верди се иг­ра­ше во на­ши­те де­но­ви. Да бе­ше прет­ста­ва­та ка­ко што тре­ба, ова ве­ро­јат­но не­ма­ше прем­но­гу да ми пре­чи. По­след­но­то „чу­до не­ви­де­но” од ва­ков вид,на ко­е при­сус­тву­вав ми­на­та­та сре­да, е об­но­ве­на­та опе­ра „Бо­е­ми” од Ѓа­ко­мо Пу­чи­ни.






Да приз­на­ам, на прет­ста­ва­та не оти­дов од љу­бо­пит­ство ка­ко опе­ра­ва ја об­но­вил (и под­но­вил) бол­гар­ски­от гос­тин Стојан Стоја­нов Ган­чев, ту­ку за да да­да­м свој при­до­нес кон доб­рот­вор­на­та ак­ци­ја за при­би­ра­ње сред­ства пот­реб­ни за ле­ку­ва­ње на теш­ко за­бо­ле­ни­от бас Вој­кан Јо­ва­но­виќ. Сос­тој­ба­та на Вој­кан (мла­до мом­че од 25-26 го­ди­ни со ша­ља­пи­нов­ски дла­бок, мо­ќен глас, ина­ку, го­ле­ма на­деж на скоп­ска­та опе­ра) е дра­ма­тич­на! За ле­ку­ва­ње би­ле пот­реб­ни не­как­ви ска­пи ин­јек­ци­и од стран­ство, а држа­ва­та па­ри не­ма па не­ма (ос­вен за прет­се­да­тел­ски­те кан­ди­да­ти, за ма­ке­дон­ски­те Фа­ус­ти и за прос­ве­ти­тел­ски­те фил­мски про­ек­ти на ми­нис­те­рот за кул­ту­ра). Бол­ни­от ни­ка­ко не е во сос­тој­ба са­ми­от да ги пла­ти ти­е ин­јек­ции, па не­кол­ку доб­ро­на­мер­ни де­вој­чи­ња од  ДНЕВ­НИ­К ре­ши­ле на сво­ја ра­ка да поч­на­т ак­ци­ја да му по­могнат на нес­реќ­но­то мом­че! Прет­ста­ва­та бе­ше на­ја­ве­на ка­ко „ек­склу­зив­на опер­ска ве­чер во МНТ”, а из­вед­ба­та, на­вод­но, ќе ја сле­де­ле “ви­со­ки држав­ни и пар­тис­ки фун­кци­о­не­ри”. Шу­ќур! Да ги ви­ди­ме и во уло­га на прак­тич­ни доб­рот­во­ри!

Са­мо, ниш­то од се­то тоа! Се ви­де уш­те при вле­гу­ва­ње­то во те­а­та­рот: „изе­де ме зми­ја” (би рек­ле Ку­ма­нов­ци) ко­га ви­дов су­ри­ја ти­неј­џе­ри и це­ни на би­ле­ти по­нис­ки од они­е по скоп­ски­те ки­на (по 150 де­на­ри!). Внат­ре, прек­рас­на глет­ка: са­ло­нот на МН­Т пол­н со „џа­гу­ра­а­на”, што се­ка­ко би би­ла бла­го­дар­на пуб­ли­ка за „Злат­но­то сла­веј­че”, но ни­ка­ко не и за „ед­на од теш­ки­те опе­ри”, как­ва што е „Бо­е­ми”. Од “ви­со­ки­те држав­ни и пар­тис­ки фун­кци­о­не­ри” ни тра­га (ос­вен ако не­кој ви­до­ви­т чо­век не мо­жел да ги препоз­на­е ме­ѓу врев­ли­ви­те скоп­ски сред­нош­кол­ци: еден ден ба­ре­м не­кој од нив се­ка­ко ќе би­де ви­сок држа­вен и пар­тис­ки ра­ко­во­ди­тел).

Кре­ва­ње­то на за­ве­са­та и по­ја­ва­та на ди­ри­ген­тот бе­а до­че­ка­ни со ур­не­бес­на ве­сел­ба, ра­коп­лес­ка­ње и врес­ка­ње. На де­ца­та очиг­лед­но ни­кој не им ка­жал што е то­а опе­ра и как­во тре­ба да би­де нив­но­то од­не­су­ва­ње во не­а (гри­жа на ми­нис­те­рот за об­ра­зо­ва­ни­е е да нај­де оџи и по­по­ви што ќе ги бла­гос­ло­ву­ва­ат уче­ни­ци­те; до­го­ди­на, со Бож­ја по­мош, ќе фа­ти и да ги ве­ро­по­ду­чу­ва; а за нив­но­то вос­пи­та­ни­е – не­ка му ја мис­ла­т ро­ди­те­ли­те!). Ни­е (во ос­ми ред!) не мо­жев­ме да чу­е­ме ре­чи­си ниш­то од она што се пе­е­ше на сце­на­та. Кут­ри­от Ро­дол­фо мо­ра­ше да ја пре­ки­не прет­ста­ва­та, та да фа­ти бук­вал­но да ги мо­ли уче­ни­ци­те (и нив­ни­те учи­те­ли, што ни­ка­де ги не­ма­ше) да разбе­ра­т оти се ра­бо­ти за прет­ста­ва со по­себ­на цел, што ја иг­ра­ат во ко­рис­т на свој теш­ко бо­лен ко­ле­га, оп­то­ва­ре­ни со мис­ла­та за не­го­ва­та зла суд­ба. Мла­ди­от чо­век ги пре­кол­ну­ва­ше де­ца­та да им до­пуш­та­т на пе­ја­чи­те чес­но да го дов­рша­т за­поч­на­то­то. Овој дра­ма­ти­чен апел да­де плод: вер­но, не нас­та­пи мр­тва ти­ши­на, ама ба­ре­м стив­на­а на­ви­вач­ки­те страс­ти. На прва­та па­у­за мла­ди­на­та (на­ша­та ид­ни­на!), се разбе­га на си­те стра­ни, па, до кра­јот на прет­ста­ва­та имав­ме го­ре-до­лу во­о­би­ча­е­на опер­ска ат­мос­фе­ра.

 

Целата колумна прочитајте ја на следниот ЛИНК.

***

Сакате да продолжите со читањето на останатите 319 колумни? Обезбедете си примерок!
Оваа колумна е само една 319-те издадени во збирката наречена едноставно „Колумни“. Оваа книга, како и сите останати во издание на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, не се продаваат на „традиционален“ начин. туку се добиваат како благодарност за вашата донација. Финансиските средства обезбедени од донациите ќе бидат употребени за помош при школување и вработување на деца без родители, што е една од стратешките определби на Фондацијата.

Инструкции за нарачување За да ја добиете оваа книга, кликнете на копчето Донирај на следниот ЛИНК и во полето за забелешка наведете ја адресата на која сакате да ви биде доставена книгата. Донирајте износ по Ваш избор во Фондот за школување на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, а книгите заедно со автограм од авторот ќе Ви бидат доставени на Вашата домашна адреса. Забелешка: Можете да донирате износ по Ваш избор, но не помал од 1500 ден + поштарина. Поштарината за испорака во Македонија изнесува 130 денари. За испорака надвор од Македонија, контактирајте ја Фондацијата претходно.

Поврзани содржини