НЕ Е СЀ ТАКА КАКО ШТО ИЗГЛЕДА Пронашле човечка рака на плажа или нешто друго?
Додека патролирале, полицајците биле повикани од членовите на крајбрежната стража на плажата, односно добиле пријава дека на плажата е пронајдена „човечка нога или рака“.
„Човечка рака“, откриена на плажа во близина на Свонси, Јужен Велс, предизвика итна реакција на полицијата – но не е сѐ така како што изгледа.
Додека патролирале, полицајците биле повикани од членовите на крајбрежната стража на плажата, пишува Скај њуз.
Полицајците добиле пријава дека на плажата е пронајдена „човечка нога или рака“.
Силите соопштија дека областа за која станува збор е позната по тоа што има исфрлени делови од мртви фоки или од други морски животни.
За членовите на јавноста може да биде тешко да ја разликуваат коската на човекот и на фоката бидејќи и фоките имаат 5 прсти.
Експертот за таа проблематика, Герет Ричардс, кој ја води групата „Гавер сил груп“ (Gower Seal Group), случајно тогаш поминувал таму и полицајците му побарале помош.
На полицајците и на Ричардс им биле потребни 4 часа да ги пронајдат останките, пред да бидат идентификувани како дел од фока.
Тој изјави дека некој направил фотографии од она што тие веруваат дека е „човечка рака“ која излегува од песокот.
– Еден член на јавноста фотографираше и ја испрати фотографијата до службите за итни случаи. Но, многу е тешко да се протолкува фотографијата и изгледаше малку сомнително. Се разбира, тоа никогаш не е подобро одошто да отидам на местото на настанот и да фрлам брз поглед – изјави Ричардс.
Според Ричардс, фоката била стара околу една година, а птиците ја пронашле. Тој рече дека е само случај на среќа што тој бил „на вистинското место во вистинско време“.
– Поради видот на повикот што всушност дошол, дежурниот истражител бил информиран, а истражителите на местото на злосторството биле на готовност. Значи, тоа веројатно ѝ заштедило на полицијата, а секако и на даночниот обврзник, неколку илјади фунти, само бидејќи бев во близина – додаде тој.