И СОНЦЕ И ОБЛАЦИ Краткотрајно невреме во западните и во југозападните делови

501

До крајот на денот ќе преовладува сончево со умерена облачност. Во западните и југозападните делови ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и услови за изолирано краткотрајно невреме.

Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови наместа повремено засилен северен ветер.






Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 37 степени. УВ=8

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Tемпература ќе се искачи до 33 степени.

Од утре ќе преовладува сончево и топло време со слаб до умерен северен ветер, поизразен долж Повардарието. Во планинските подрачја ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмажи.

Поврзани содржини