ВОЗИЛО ИЗЛЕТАЛО ОД ПАТОТ И СЕ ПОПРЕЧИЛО НА ПРУГА Со брза интервенција спасени се двајца повредени, а возилото е тргнато од пругата
Покрај пожарникарите, полицијата и итната медицинска помош на терен интервенирале и екипи на АМСМ, ЈП „Македонски железници и инфраструктури“.
Две лица од кои едното било потешко повредено се извлечени на сигурно, а возилото е отстрането од пругата во комбинирана спасувачка акција во близина на Велес, соопшти Центарот за управување со кризи.
Како што соопштија од ЦУК, акцијата била временски ограничена до поминување на следниот воз.
Покрај пожарникарите, полицијата и итната медицинска помош на терен интервенирале и екипи на АМСМ, ЈП „Македонски железници и инфраструктури“.
Во 15.08 часот е пријавено дека на регионалниот пат Велес – Градско, кај месноста наречена „Црн Камен“ поради неприспособена брзина патничко моторно возило „поло“ излетало на железничката пруга. Притоа, биле повредени две лица, од кои едното било потешко повредено.
Прво, на самото место, покрај итната медицинска помош и екипа од СВР Велес интервенираше и екипа од 4 пожарникари со едно ПП возило од ТППЕ Велес – за извлекување на тешко повреденото лице кое било на самата пруга.
„Повредените лица веднаш беа пренесени во Велешката болница, а паралелно со таа спасувачка акција излетаното возило коешто било на самата железничката пруга, екипи на АМСМ, ЈП МЖ инфраструктури и СВР Велес го отстраниле од пругата и го ослободиле патот на наредниот воз што поминувал на тој правец во 17.30 часот“, се наведува во соопштението.