70 ТРКАЧКИ КОЊИ ИЗГОРЕА ВО ПОЖАР НА ЕРГЕЛА ВО ФРАНЦИЈА Шталата целосно изгоре, а повреден е и еден човек

Пожарот случајно избувнал во 5.40 часот денеска, а коњите кои биле во своите боксови  не можеле да побегнат. Целосно е уништена зградата од 1000 квадратни метри.

535

Пожар што избувна во ергела за тркачки коњи рано утринава во Калвадос (Франција) предизвика смрт на повеќе од 70 коњи, а маж (21) се здоби со сериозни повреди на рацете, пренесоа француските медиуми.

Пожарот случајно избувнал во 5.40 часот денеска, а коњите кои биле во своите боксови  не можеле да побегнат. Целосно е уништена зградата од 1000 квадратни метри.






Во интервенција за гаснење на пожарот  биле ангажирани повеќе од 20 пожарникари и 6 возила, а причината за несреќата не е позната.

Крим-техничари на жандармеријата Калвадос се ангажирани да направат увид во ергелата.

Сопственикот на ергелата Френк Бернилух живее во странство. Тој мани е осуден бидејќи ги злоупотребувал коњите во својата ергела.

Тогаш во ергелата имало вкупно 157 коњи, а според наодите на ветеринарната инспекција голем дел од коњите биле неухранети.

Утврдено е дека само оние грла кои биле подготвени за трка биле соодветно третирани.

Поврзани содржини