ГРУПАЦИЈАТА НЛБ САКА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АДИКО БАНКА ВО СРБИЈА За банката конкурираат и „Агри Европа“ и „Алта пеј“

Словенечката групација, која во последните години се проширува со преземање на банки главно на територијата на поранешна Југославија, понуди 20 евра по акција на Адико банка со што вредноста на банката изнесува околу 385 милиони евра, двојно повеќе од нејзината книговодствена вредност.

559

Словенечката НЛБ Групација достави официјална понуда за преземање на акциите на австриската Адико банка во Србија.

Словенечката групација, која во последните години се проширува со преземање на банки главно на територијата на поранешна Југославија, понуди 20 евра по акција на Адико банка со што вредноста на банката изнесува околу 385 милиони евра, двојно повеќе од нејзината книговодствена вредност.






Понудата, меѓутоа ќе  важи доколку се соберат најмалку 75% од издадените акции на Адико банка.

Покрај НЛБ за сопственост на банката конкурираат и „Агри Европа“ и „Алта пеј“ кои веќе имаат удели во банката.

Миодраг Костиќ, кој е сопственик на „Агри Европа Кипар“ има  9,99% од акциите и понуди 16,24 евра по акција.

Меѓу водечките акционери е „Алта пеј“, компанијата на Давор Макуре, кој е сопственик на менувачниците на Алта и банката Алта. Според најавите од оваа банка, тие се во процес на стекнување на одреден број акции и имаат речиси 30% од гласачките права во Адико банка.

Адико банка е создадена на урнатините на австриската банка Хипо и работи во земјите од поранешна Југославија, освен во Македонија.

Поврзани содржини