📽 ‘РЃАВИТЕ РЕКИ ВО АЛЈАСКА СЕ ГЛЕДААТ И ОД ВСЕЛЕНАТА Никој не може да објасни како дошло до екокатастрофата

Нашата хипотеза е дека поради топењето на вечниот мраз водата се инфилтрира подлабоко и има интеракција со минералите заробени илјадници години, вели Брет Пулен од Универзитетот во Калифорнија (УК) Дејвис.

384

Ведрите потоци во Алјаска добија портокалова боја налик на ‘рѓа. Тоа е видливо од вселената. Со проучување на сателитски снимки од 1985 до 2022 година, научниците утврдија дека оваа чудна појава се совпаѓа со потоплото време и зголемените снежни врнежи, пишува Научен Аларм.

Тие се загрижени поради необичниот феномен.






– Измачканите реки се толку големи што можеме да ги видиме од вселената – вели еколошкиот токсиколог од Универзитетот во Калифорнија (УК) Дејвис, Брет Пулин. Ова покажува дека водата е многу валкана.

Проблемот за првпат беше забележан во 2018 година. Научниците потоа користеа сателитски снимки и јавни извештаи за да идентификуваат повеќе од 75 оддалечени потоци кои неодамна беа обоени со оваа необична портокалова боја. Тие се протегаат на речиси 1.000 километри од планинскиот венец Брукс на Алјаска.

На одредени места тие изгледаат „речиси како млечен сок од портокал“, опишува екологот Џон О’Донел.

– Тие портокалови потоци можат да бидат проблематични во смисла дека се отровни, но можат да спречат и мигрирање на рибите до местата за мрестење – загрижен е О’Донел.

За разлика од обичните здрави потоци, овие потоци имаат високи концентрации на железо и други токсични метали, вклучувајќи цинк, бакар, никел и олово, покажаа примероците собрани помеѓу јуни и септември 2022 година. Во некои случаи, овие загадувачи ја зголемија киселоста на водата од нормалната pH вредност од 8 на 2,3. Резултатите изгледаат слично на истекување од кисели рудници, вели Пулен, но нема рудници во близина на тие локации.

Со проучување на сателитски снимки од 1985 до 2022 година, научниците утврдија дека оваа чудна појава се совпаѓа со потоплото време и зголемените снежни врнежи.

– Нашата хипотеза е дека поради топењето на вечниот мраз водата се инфилтрира подлабоко и има интеракција со минералите заробени илјадници години – рече Пулен.

Северниот Пол се загрева околу четири пати побрзо од остатокот на Земјата. Таа дополнителна топлина ја одмрзнува замрзнатата почва, ја зголемува активноста на микробите и прави да се создаваат нови области со грмушки.

Овие процеси заедно со новоформираните корени ги изложуваат досега недопрените минерали и овозможуваат нивно влевање во басените.

Промените во хемијата на водата го загрозуваат дивиот свет, но и локалното население кое се потпира на потоци за вода за пиење и риболов.

Истражувањето на научниците беше објавено во списанието Communications Earth & Environment.

Поврзани содржини