КАКО ДА ГО НАМАЛИТЕ ХОЛЕСТЕРОЛОТ? Не треба да се откажувате од консумирањето јајца?!

Специјалистката за нутриционистичка медицина д-р Михаела Дол предупредува дека избегнувањето на сите намирници што содржат холестерол е неефикасно. „Ако внесете помалку холестерол во вашето тело со ригорозно скратување на конзумацијата на јајца, вашето тело само ќе произведува повеќе холестерол, бидејќи му е потребен“, вели Дол.

1,166

Зборот „холестерол“ обично има негативна здравствена конотација. Тоа е еден вид липиди,

восочна супстанца слична на маснотии, која црниот дроб ја произведува природно и има многу






важни функции во телото: ги стабилизира клеточните мембрани, го поддржува производството на

одредени хормони и е неопходна за нормален развој на мозокот.

Не е секој холестерол ист. Два типа на протеини го транспортираат во и надвор од клетките.

Липопротеинот со ниска густина (ЛДЛ, познат и како „лош“ холестерол) придонесува за таложење

на маснотии во артериите, што може да резултира со срцеви заболувања и потенцијален мозочен

удар.

Липопротеинот со висока густина (HDL, т.н. „добар“ холестерол) враќа дел од холестеролот од

клетките назад во црниот дроб, кој го разградува и го исфрла од телото.

„За високото ниво на холестерол во крвта секогаш треба да се разговара со лекар“, вели д-р Улрих

Лауфс, раководител на одделот за кардиологија во Универзитетската болница во Лајпциг.

Прочитајте повеќе ТУКА.

Поврзани содржини