ХАОС СО НОВИТЕ ЦЕНИ ЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА ВОЗИЛА Чукнал часот за нов ценовник, велат од Националното биро за осигурување

Порастот на цената е предизвикан од континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, порастот на цената на резервните делови, порастот на платите и постојаната голема инфлациона тенденција. Општиот пораст на цените од 2008 до 2023 година изнесува 61,56%.

542

Националното биро за осигурување (НБО) соопшти дека актуелните пазарни услови предизвикаа неопходност од промена на цената на полисата за задолжителното автоосигурување.

Оттаму појаснуваат дека процентот на пораст секоја осигурителна компанија сама го дефинира, зависно од деловната политика и направената анализа и тврдат дека одлуките за зголемување на цените компаниите ги носат врз основа на сериозни повеќегодишни анализи, кои покажале дека со сегашните цени  бизнисот за осигурување на автоодговорност е неодржлив.






„Порастот на цената е предизвикан од континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, порастот на цената на резервните делови, порастот на платите и постојаната голема инфлациона тенденција. Општиот пораст на цените од 2008 до 2023 година изнесува 61,56%. Истовремено цената за осигурување од автомобилска одговорност не е променета веќе 15 години и е единствената категорија во нашата земја која не претрпела зголемување на цена “, се наведува во соопштението од  Националното биро за осигурување.

Оттаму тврдат и дека цената на осигурување од автоодговорност во земјава е најниска во регионот и не ги одразува пазарните законитости и велат дека ја доведува во прашање исплатливоста на работењето на осигурителните компании во оваа класа, делувајќи демотивирачки на понудата на оваа полиса.

„Без поскапувањето овој бизнис е неодржлив и ќе биде полека напуштен од страна на осигурителните компании. Финансиските институции имаат обврска да работат по строго дефинирани одржливи параметри, со цел зајакнување на стабилноста на финансискиот систем. Како потсетување, во 2008 година цената на автомобилската одговорност беше намалена за 30 отсто, но, денес условите за работење се променети и неодржливо е за Осигурителните компании да работат со цени на ова ниво“, се вели во соопштението на Националното биро за осигурување.

Поврзани содржини