📷 ДЕВОЈКА СЕ КАЧИЛА НА АЈКУЛА, ПА ЗАЖАЛИЛА Кога се вратила на плажата почнала да крвари од незгодно место
Авантуристката Натали Рејнолдс со друштвото фатиле мала ајкула на непозната локација, а потоа ја извлекле до плиткото. Натали потоа седнува на грбот на морскиот предатор и се фотографира, но смелата авантура на крај завршува со непријатна повреда.
Авантуристката Натали Рејнолдс неодамна на мрежите се пофали дека имала „блиска средба“ со ајкула, а сето тоа го снимила на камера.
Снимена е како со друштвото фаќа мала ајкула на непозната локација, а потоа ја извлекуваат до плиткото. Натали потоа седнува на грбот на морскиот предатор и се фотографира.
„О, ајкулата е тука! Таму е! Боже мој“ -рекла девојката.
View this post on Instagram
Проблемот е што таа не знаела дека ајкулите освен опасните остри заби имаат и груба, исклучително „остра“ кожа, па зажалила што ја јавала, пишува Дејли Стар.
Кога се вратила на брегот забележала дека крвари и почувствувала болка во задникот.
„Крварам од мојот анус. Има исеченици на местото каде што седнав на ајкулата“ – изјавила девојката.
Иако друштвото на крајот ја ослободува ајкулата, многу корисници на социјалните мрежи овој чин го сметаа за „суровост кон животните“.