ОВОШНО ЛИЖАВЧЕ ЌЕ МОЖЕ ДА ОТКРИВА РАК НА УСТАТА Нов револуционерен метод за откривање на орален карцином

Тим од Бирмингем создаде иновативен начин за дијагностицирање на орален карцином со помош на лижавче наместо преку традиционални методи. Освен овие иновации, студиите покажале дека редовното консумирање на ресвератрол, состојка присутна во грозјето, доматите, јагодите и црвеното вино, може да го намали ризикот од рак на устата за околу 15 проценти.

280

На Универзитетот во Бирмингем, научниците развиваат лижавче што може да ја револуционизира дијагнозата на рак на устата. Кога човек ја консумира оваа овошна бонбона, која брзо се топи во устата, специјален гел во неа ги фаќа протеините поврзани со туморот од плунката. После тоа, гелот се активира со ултравиолетова светлина, ослободувајќи ги протеините и дозволувајќи им на лекарите да направат брза дијагноза.

Во моментов, на речиси 9.000 луѓе во Британија годишно им се дијагностицира орален карцином, кој зафаќа различни делови од усната шуплина. Поради недостаток на очигледни симптоми, многу случаи се откриваат доцна, што резултира со лоша прогноза. Дури 3.000 смртни случаи годишно се последица на оваа болест, пишува Daily Mail.






Ова е делумно затоа што повеќе од половина од случаите не се откриваат додека туморот не се прошири на другите делови на вратот и главата, бидејќи ретко има очигледни симптоми.

Повеќе за ова на „Арт кујна“.

Поврзани содржини