🎥 ПОГРЕБАН РОБЕРТО КАВАЛИ Децата, поранешните сопруги и партнерката во солзи се простија од модниот дизајнер

Познатиот дизајнер Роберто Кавали денеска беше погребан во родниот град Фиренца, каде што почина на 12 април на 83-годишна возраст, по долго боледување.

344

Познатиот дизајнер Роберто Кавали денеска беше погребан во родниот град Фиренца, каде што почина на 12 април на 83-годишна возраст, по долго боледување.

Неговиот погреб се одржа во базиликата Сан Минијато ал Монте во Фиренца, каде што неговиот ковчег беше пречекан со овации од бројни модни личности и ѕвезди од шоубизот.






Последното испраќање на славниот Роберто Кавали го собра неговото семејство – неговите пет наследници, неговата партнерка Сандра Нилсон со која во 2023 година доби ќерка, но и неговите поранешни сопруги.

На погребот беше поранешната сопруга на Роберто Кавали, Ева Марија, со која доби три деца, Рејчел, Робин и Даниел Кавали, кои се занимаваат со моден дизајн.

Легендарниот креатор го испратија и познати личности од Италија, а по богослужбата во црквата, ковчегот со телото беше пренесен во автомобилот на погребната служба. Кавали беше испратен со солзи и аплаузи.

 


Италијанската новинска агенција АНСА објави дека дизајнерот починал дома во Фиренца, градот во кој е роден, по долго боледување.

Роберто Кавали е роден на 15 ноември 1940 година во Фиренца, главниот италијански центар за обработка на кожа во Италија, Кавали беше познат по принтовите, печатената кожа и екстравагантните креации.

Тој се здоби со популарност во 1970-тите, работејќи за ѕвезди како Софија Лорен и Брижит Бардо, а децении подоцна неговиот стил беше почитуван од генерации познати личности, од Ким Кардашијан до Џенифер Лопез.

Поврзани содржини