📷 СВЕТОТ ТАГУВА ЗАЕДНО СО РУСИЈА Цвеќиња и свеќи за жртвите од терористичкиот напад во Москва

Претседателот Владимир Путин го прогласи 24 март за ден на национална жалост во цела Русија.

1,057

Во целиот свет луѓето положуваат цвеќиња, играчки и палат свеќи за жртвите од терористичкиот напад што се случи во концертната сала „Крокус Сити Хол“ на северозападот на Москва.

Бројот на загинатите во терористичкиот напад се искачи на 133, соопшти истражната комисија на Русија.






фото: EPA-EFE/IGOR KOVALENKO

 

Претседателот Владимир Путин го прогласи 24 март за ден на национална жалост во цела Русија.

Шефот на ФСБ му пријавил на Путин дека се приведени 11 осомничени, меѓу кои и четворица кои директно учествувале во терористичкиот напад. Руските власти соопштија дека повеќе од 145 луѓе се ранети, а многу од нив и понатаму се во тешка состојба.

Низ цела Русија се оддава почит на жртвите. Во Москва луѓето ставаат играчки на оградата до Градското собрание на Крокус.

фото: EPA-EFE/DUMITRU DORU

Пораки со сочувство за трагедијата што ја погоди Москва и за невините жртви што настрадаа во терористичкиот напад пристигнуваат од целиот свет. Во знак на жалост стотици луѓе низ целиот свет палат свеќи и оставаат цвеќиња пред руските дипломатски претставништва.

Поврзани содржини