📽📷 БИЗАРНА ОГРОМНА ТОПКА ИСПЛИВА ВО АРКТИЧКИОТ КРУГ Рибарите се повлекле кога сфатиле со што си имаат работа

Рибарот Даг Ридланд објаснува дека чамецот бил оддалечен 100 метри од „топката“ бидејќи рибарите се плашеле од „експлозија“.

1,209

Што се случува кога рибарите ќе се соочат со мрачна и огромна топка од „длабочините“ на Арктичкиот круг, која плива на површината на водата? Тактички се повлекуваат.

Така изгледала бизарната сцена на отворено море северно од норвешкиот остров Андоја и длабоко во Арктичкиот круг.






Шокираните рибари виделе огромна „црна топка“, која лебдела на морето, внимателно ѝ пришле за да проверат за што станува збор, но набргу ја сфатиле опасноста, па тактички се повлекле.

Рибарот Даг Ридланд објаснува дека чамецот бил оддалечен 100 метри од „топката“ бидејќи рибарите се плашеле од „експлозија“.

– Станува збор за труп на кит кој со време се подул поради заробените гасови. Не му приоѓавме, а се надевам дека нема да стигне до брегот. Ако експлодира, смрдливите делови ќе летаат на сите страни – рече загрижениот рибар.

Ридланд рече дека лови риби 27 години, но никогаш не видел слична глетка.

– Се гледаше најмалку 3 метри над водата. Сум видел многу мртви китови, но не толку големи – додаде Даг.

 

Истражувачката Тиу Симила го посетила местото, но не се доближила премногу, пренесува Дејли мејл.

– Овој феномен се случува по смртта на животното бидејќи бактериите произведуваат метан како дел од процесот на разградување на ткивата, а гасот се собира и не може да излезе. Китовите се најекстремниот пример поради нивната големина – објасни Симила.

Поврзани содржини